Поврзете се со нас

Франција

Напаѓачот од 90 милиони евра: Луѓето ќе кажат дека тоа е добра цена за мене…

Објавено

на

Во светот на фудбалот се прават големи трансфери кога е во прашање најквалитетниот, најелитниот фудбал, меѓутоа постои дилема, прашање дали тие се реално особено кога се во прашање играчи кои не се докажани, односно допрва се очекува да созреат и да го дадат најдоброто од нив.

Еден таков случај дефинитивно е Рандал Коло Муани за кого „светците“ издвоија дури 90 милиони евра за да го доведат во своите редови, меѓутоа францускиот репрезентативец засега не ги дава посакуваните партии и има дадено само осум голови во досегашниот дел на кампањата што е премално за играч од кого се очекува заедно со Килиан Мбапе да го води нападот на ПСЖ.

Меѓутоа Коло Муани е оптимист и смета дека ќе ги „поздрави“ сите оние што не веруваат во него.

-Ги видов критиките откако пристигнав во ПСЖ. Токму критиките нè тераат да еволуираме, тоа е добро да се слушне. Тоа е како совет. Мора да ги земете предвид критиките и да се подобрите за да исчезнат истите. Тоа е логично. Што се однесува до трансферната цена, тоа е важно. Лично, тешко е да се свари. Тоа е уште еден притисок за мене да преземам. Се вари малку по малку. Ама ќе ви кажам една тајна: со текот на времето, луѓето ќе кажат дека тоа беше добра цена за Рандал Коло Муани. Знам дека во моментов луѓето велат: „90 милиони евра за Коло Муани, што е тоа? Јас велам: „Ќе видат“, сосема едноставно“, -порача поранешниот член на Ајнтрахт Франкфурт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни