Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Напаѓачот на Слован излезе сам пред голот, Павловиќ режираше дефанзивно чудо (Видео)

Објавено

на

Страхиња Павловиќ се прикажа со доста променливи изданија откако го засили Милан од стартот на сезоната, но со потези како овој денеска против Слован Братислава, Србинот сигурно ќе добие на самодоверба како важен играч во одбраната на Фонсека.

„Росонерите“ врза три победи во низа во Лигата на шампионите и сега може да се надеваат на топ 8 пласман во најелитното натпреварување, пред се поради фактот што имаат и поволен распоред во завршните три кола (Црвена Звезда, Џирона и Динамо).

Павловиќ беше стартер на денешниот меч и слободно може да се каже дека одигра клучна улога во победата, бидејќи при резултат 0:0 режираше херојска интервенција.

Во ситуација кога Стрелец излезе сам пред голот и го издрибла голманот Мањан, се чинеше дека му остана најлесната задача, но кога сите ја видоа топката во голот, следеше лизгачки старт на Страхиња.

Павловиќ реагираше навреме и не дозволи топката да заврши во мрежа, потег кој му донесе и многу позитивни коментари од фан базата на Милан.

Реакцијата погледнете ја ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни