Напаѓачот на мета на навивачите: Лукаку заборави што е офсајд, Крос му се изнасмеа (Видео)

lukaku utna za 2-1 supercup 2017

Вчера Македонија, градот Скопје и националната арена „Филип Втори“ беа домаќини на фудбалски спектакл на мечот од УЕФА Супер Купот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој завшри во полза на шпанскиот шампион со 2-1.

Гледачите освен три гола, стативи, промашувања, добри потези беа сведоци и на една ситуација во која наивен испадна новиот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Ромелу Лукаку.

Во првиот дел се отвори добра можност за премиерлигашот, меѓутоа Лукаку ја утна работата, заборави што е офсајд при една отвореша шанса за Ерера, а тоа изнуди насмевка на лицето на Тони Крос.

Тој потег за кратко време се прошири на социјалните мрежи каде се фаќа сеир на сметка на Белгиецот.

Facebook Коментари