Поврзете се со нас

Германија

Напаѓачот на Леверкузен постигна гол и ги соблече шорцевите, па даде објаснување за бизарната прослава (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен брзо го заборави првиот пораз по пауза од 35 меча во Бундеслигата и се врати на победнички патеки ова попладне, откако актуелниот шампион со убедливи 1:4 славеше над Хогенхајм.

„Фармацевтите“ доживеаја неуспех пред репрезентативната пауза и мораа да почекаат за првиот следен предизвик во домашното првенство, но две недели подоцна, покажаа доволно мотивација и квалитет за да остварат сигурен триумф.

Бонифасе беше играч на мечот со два гола и една асистенција, но Нигериецот посебно го привлече вниманието со својата прослава при првиот погодок.

По голот кој го постигна во 30-та минута, напаѓачот на Леверкузен ги соблече шорцевите и ги збуни сите со својата бизарна прослава, за која подоцна даде и кратко објаснување во јавноста.

– Станува збор за ТикТок танц на нигериски инфлуенсер. Му ветив дека ќе го направам тоа и си останав на зборот, – изјавил Бонифасе.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни