Поврзете се со нас

Англија

Напаѓачот на КПР тврди дека Јунајтед се уште има голем проблем: Имаат играч што не знае да се брани!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед го осигура Рафаел Варан и сите поранешни легенди на клубот ја одобрија фантастичнта аквизиција од Реал Мадрид, но иако позитивни коментари пристигнуваат и од цела јавност, еден играч кој неодамна играше против тимот на Оле Гунар Солскјер, тврди дека Французинот нема да ги реши сите проблеми.

Квинс Парк Ренџерс го победи Манчестер Јунајтед со 4:2 на натпреварот кој се одигра пред неколку дена, а Чарли Остин беше еден од играчите кои се запишаа во листата на стрелците.

Поранешниот голгетер на Саутемптон потенцира дека Јунајтед и натаму има еден голем проблем во одбраната, потенцирајќи го името на Арон Ван Бисака.

– Иако Манчестер Јунајтед го доведе Варан, нивниот најголем проблем е десниот бек. Арон Ван Бисака не е доволно квалитетен за десен бек, го нема потребниот квалитет.

– Игравме против нив пред неколку дена, знам дека е само пресезона, но сите во нападот го баравме него. Јунајтед мора да го доведе Трипие. Знам дека Јунајтед го сака Трипие и тоа ќе биде добро за нив, бидејќи Ван Бисака не знае да се брани. Не е добар ниту неговиот завршен пас и тоа не е добро ниту за напаѓачите, – вели Остин во интеврјуто за „Ток Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни