Поврзете се со нас

Англија

Напаѓачот на Челси се издрибла сам, фановите му предложуваат да го промени спортот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Николас Џексон остава измешани чувства кај фановите на Челси со своите настапи кои ги има во синиот дрес, бидејќи повремено покажува знаци на извонреден напаѓач, но понекогаш и шокира како со потези на мечот против Брентфорд.

Џексон не реализираше чиста шанса за гол вчера при резултат 0:0, но посебно се најде на мета на критичарите поради еден неуспешен дриблинг со кој всушност се издрибла самиот.

Првиот напаѓач на Маурисио Покетино се обиде да ја ископира техниката на неповторливиот Роналдо „Феномено“, но топката заглави во неговата пета и противникот не мораше да врши никаква интервенција.

Овој потег на Џексон наиде на многу коментари на социјалните мрежи, а дел од фановите на Челси му предложуваат дека има доволно време да напредува и во друго поле и да го промени спортот.

Инаку, Џексон вчера го заврши мечот со еден постигнат гол зад своето име, но неговиот Челси одигра само 2:2 во натпреварот во кој жестоко беше исвиркуван и менаџерот Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни