Поврзете се со нас

Англија

Напаѓачот на Ајакс кој е трансфер цел на Јунајтед: Повремено си пишувавме со Тен Хаг, но…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/AFCAjax

Манчестер Јунајтед се навикна да има шопинг во Ајакс откако Ерик Тен Хаг се пресели на „Олд Трафорд“, па по трансферите на Антони и Мартинез, во последно време сериозно се разгореа шпекулациите за ангажман на Брајан Броби.

Офанзивниот фудбалер повторно игра на највисоко ниво во Ајакс откако имаше кратка авантура во РБ Лајпциг, но самиот фудбалер сега отфрли трансфер на театарот на соништата во зимскиот преоден рок.

Ајакс почна да игра многу подобро по ужасниот старт на сезоната и изминатиов викенд победи против РКЦ Валвијк со 4:1, а на тој натпревар токму Броби постигна два погодоци.

– Не знам ништо за директен интерес од Манчестер Јунајтед. Прочитав за тоа од медиумите, но можам да ви кажам дека останувам во Амстердам и не си одам во јануари.

– За разлика од порано, веќе немам постојан контакт со Ерик Тен Хаг. Повремено си пишувавме на Ватсап, но тоа веќе не е случај. Ерик е доста зафатен, а и јас си го променив телефонот, – изјави Броби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни