Поврзете се со нас

Англија

Напаѓачот кој се покажа како лоша замена за Роналдо: Тактиката на Тен Хаг не ми помогна

Објавено

на

Ваут Вегхорст имаше кратка авантура на „Олд Трафорд“ и пристигна во Манчестер Јунајтед по барање на Ерик Тен Хаг, но по неполни шест месеци минати во англискиот великан, Холанѓанецот беше ослободен и вратен во неговиот Барнли.

Холандскиот репрезентативец во моментов е на позајмица во Хофенхајм и ужива во паузата која ја е традиционална во Германија, а тоа го искористи за да даде една интересна изјава за својот престој на театарот на соништата, кој според него му бил отежнат поради тактиката на неговиот сонародник.

– Може да се зборува многу, но јас имав многу успешни месеци во Јунајтед и ретко кога губевме. Бев важен за тимот, работев напорно во врската за среден ред и напад.

– Ми недостасуваа само головите, поради тоа западнав во втор план и го загубив своето место во стартниот тим. Премиер лигата е убедливо најтешка лига во светот, таму играат најдобрите дефанзивци во светот.

– Не е лесно да се игра во Англија, уште помалку кога ние не бевме тим кој доминираше со креирани шанси. Начинот на кој игравме и тактиката на менаџерот не беа нешто на што сум навикнат. Во Германија и Турција, моите тимови играа за мене, бев последен играч во нападот и се завршуваа акциите со мене. Во Јунајтед морав да работам за да се истакнат други и мислам дека добро ми одеше, – изјави Вегхорст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни