Лига на шампиони
Напаѓачот кој промаши зицер во Белград: Ако давав гол при секоја шанса ќе играв за Реал, а не за Звезда! (Видео)

Црвена Звезда одново му дозволи на противникот премногу лесно да се стекне со голема предност на семафорот, па иако имаше време за реакција против ПСВ, истата беше задоцнета и на крајот само се избори за чесен пораз.
Српскиот првак прими три гола од корнер во првото полувреме и се стекна со голема негатива по 45 минути игра, но пред да дојде до тоа, Ендиај промаши зицер при резултат 0:0.
Напаѓачот на Црвена Звезда реагираше нависитна лошо во ситуација еден на еден, а бидејќи имаше и слободен соиграч лево од себе на кој можеше да му додаде, навивачите на белградскиот великан посебно ќе се сеќаваат на ова промашување по поразот од 2:3.
Српските новинари не пропуштиле да му ја нагласат оваа утка на Ендиај по тесниот пораз, а центарфорот на Звезда возвратил со изјава која стана вирален хит.
– Кога нешто ќе се промаши, знам дека сите ќе зборуваат за тоа. Верувајте ми дека не го правам тоа намерно, не глумам дека сакам да промашувам такви шанси. Тука сум да дадам се од себе и да му помогнам на тимот. Утките се дел од фудбалот, ако давав голови при секоја шанса, ќе играв во Реал Мадрид, на е тука. Луѓето мора да сфатат дека не глумам ништо, ниту јас не сакам да промашувам шанси. Сакам да постигнувам голови цело време, но тоа едноставно не е возможно, – изјавил Ендиај.
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони17 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
НБА24 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија18 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони14 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…
-
Англија21 час
Играч на Евертон за најлошото искуство со еден менаџер: Лампард ме понижи, па една недела подоцна заработи отка