Поврзете се со нас

Свет

Напаѓачот ја започна новата приказна: Миовски го облече дресот на Абердин (Фото+Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски пред неколку дена беше претставен од четирикратниот шкотски шампион Абердин како ново засилување за натпреварувачката 2022/2023.

Тој по одличната епизода во МТК од Будимпешта доби шанса да заврши на островот, шанса која ја искористи и се согласи на четиригодишен договор со тимот кој своевремено го водеше легендарниот сер Алекс Фергусон.

Бојан веќе ја започна приказната со Абердин и слета во Шпанија каде тимот во моментов ги одбработува подготовките за новата кампања. Тој веднаш се сретна со новиот тренер и веќе од денеска ќе работите, тренира со екипата, а во меѓувреме клубот работи на обезбедување на неговата виза која ќе му овозможи да патува во Шкотска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни