Напаѓачот има нов клуб: Јаховиќ ќе игра заедно со Подолски!

jahovic

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ ја заврши својата приказна со Јени Малатијаспор, но останува понатаму во Турција каде денеска ја официјализираше соработката со Анталијаспор.

Ова е тим кој по 18 кола е во зоната за испаѓање, ама во овој преоден рок раководство е супер активно и доведе неколку имиња меѓу кој и Лукас Подолски. Ветеранот заедно со нашиот Јаховиќ треба да бидат сериозно освежување, засилување за напаѓачката линија, да донесат голови за тимот кој во моментов е еден од најлошите кога е во прашање ефикасноста со само 15 погодоци.

За Јаховиќ ова е четврти клуб во Турција, претходно беше дел од Гезтепе, Коњаспор и Јени Малатијаспор.

-Нашата ситуација е позната. Можам да ветам дека дадам се од себе од првиот меч, да помогнам да ја вратиме Анталија каде што ѝе местото, -истакна поранешнито македонски репрезентативец кој ќе го носи дресот со бројот 81.

adis

Facebook Коментари