Поврзете се со нас

Македонија

Напаѓачот Алтипармаковски е најново име во Брегалница

Објавено

на

Екипата на Брегалница доведе уште едно ново име во овој летен преоден рок, напаѓачот Марјан Алтипармаковски.

Алтипармаковски е поранешен младински репрезентативец на Македонија, играч кој долго е на домашната сцена, но и воедно фудбалер кој има искуство и надвор од нашите граници во Грција, Хрватска, Литванија, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија.

Тој треба да биде освежување за напаѓачката линија на „сините“, но и секако да донесе голови за повратникот во нашата елитна фудбалска конкуренција.

Брегалница досега освен Марјан ги ангажираше Милан Ѓокиќ, Иван Минчев, Бобан Георгиев, Борац Бања Лука, Даниел Мојсов, Стефан Коцев и Антонио Азиновиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни