Поврзете се со нас

Германија

Напаѓачкото трио на Тухел во елемент, Баерн оствари лесна победа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

По победите на големите ривали кои се на врвот на табелата, Баерн беше под притисок да има добар меч на гостувањето кај Мајнц, а тоа на крајот и се случи оваа вечер во Бундеслигата.

Германскиот првак можеби има проблеми во конструкцијата на играта, но кога е во прашање нападот, Сане, Коман и Кејн се во врвна форма и тие се најзаслужни и за денешната победа.

Сане ја почна контрата по која Коман мајсторски биеше за 0:1, а доста брзо после тоа во листата на стрелците се запиша и Хари Кејн кој доби одлично проигрување од Горецка.

Мајнц се врати во игра пред крајот на првиот дел со погодокот на Каси кој извонредно биеше во мрежата на гостите, па иако домаќините почнаа многу подобро да ги контролираат нападите на фаворитот, повторно примија брз гол во вториот дел.

Горецка одлично се снајде од работ на шеснаесетникот и испрати прецизен удар за 1:3, а ова се покажа како конечен резултат на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни