Поврзете се со нас

Свет

Напаѓачкиот тандем вреден четвртфинале: Лажно напаѓачко движење на Суарез и мајсторска асистенција на Меси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами со победа на домашен терен се пласираше во четвртфиналето на КОНКАКАФ шампионскиот Куп, откако претходно првиот меч во Нешвил заврши 2:2.

Предноста од домашен терен беше голем плус за Лео Меси, Луис Суарез и останатите играчи на Интер Мајами, а особено за двете ѕвезди во нападот кои самите направија разлика во клучната фаза на мечот.

Резултатот беше отворен со гол на уругвајскиот напаѓач, а истиот пристигна по извонредно лажно движење на Суарез, односно мајсторска аситенција од Меси.

Набрзо после тоа, и Меси се запиша во листата на стрелците и зголеми на 2:0 во 23-та минута, а во вториот дел, Тејлор погоди за 3:0 по додавање од „Ел Пистолеро“.

Во самиот финиш, Нешвил постигна почесен гол, но тоа беше премалку од гостите кои мораа да се простат од турнирот во осминафиналната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни