Англија
Напаѓач на Вест Хем пуштен од болница три недели по страшната сообраќајна несреќа
Навивачите на Вест Хем пред три недели беа шокирани од информацијата дека Мајкл Антонио имал тешка сообраќајна несреќа, а фудбалерот за среќа помина само со фрактура на ногата.
Според медиумите и очевидците, репрезентативецот на Јамајка имал многу среќа, а морал да чека екипа за брза интервенција и пожарникари за да биде извлечен од смачканото Ферари.
Нецел месец откако беше хоспитализиран и опериран, Антонио конечно ја напуштил болницата во Лондон и продолжува со домашно лекување, при што неговото отсуство од фудбалските терени сигурно ќе трае долго.
Вест Хем потврди дека Антонио заработил фрактура на долниот дел на ногата и дека операцијата била успешна, а во меѓувреме се заблагодари на сите членови на екипите кои реагирале брзо на местото на несреќата.
Антонио е најдобар премиерлигашки стрелец во историјата на Вест Хем, со 68 постигнати голови на 268 одиграни натпревари.
-
АТП15 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Италија22 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП24 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Англија11 часа
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП20 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
АТП21 час
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)