Поврзете се со нас

Шпанија

Напаѓач на Осасуна: Меси е единствената личност со која не можете да се споредите

Објавено

на

Напаѓачот на шпанска Осасуна, Чими Авила многу лесно можеше во текот на оваа 2020 година да направи изненадувачки трансфер и да се пресели во таборот на Барселона.

Каталонците внимателно го следеа во Осасуна каде беше еден од најдобрите, но тој во лошо време се повреди и наместо него Барселона како засилување, замена за повредениот Усман Дембеле го донесе Мартин Братвајт од Леганес.

Авила кој има 26 години се надевам оти во иднина ќе добие нова можност, шанса да се пресели во Барселона, но воедно испрати комплименти на адреса на неговиот сонародник Лионел Меси.

-Секој играч сака да игра со Меси или пак да има тренер како Диего Симеоне. Меси е единствената личност со која не можете да се споредите. Секогаш велам Меси затоа што Марадона го имам гледано само на видео, а имам играно против Меси, -истакна брзоногиот напаѓач за „Марка“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни