Напаѓач на Баерн го обожава Португалецот: Роналдо дава повеќе голови на натпреварите, отколку јас на тренинг!

ronaldo

Во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе гледаме пресметка на великаните на европскиот фудбал Баерн Минхен и Реал Мадрид, а токму во пресрет на тие битки кои сите љубители на овој спорт ги очекуваат една интересна и искрена изјава даде напаѓачот на „баварците“, Сандро Вагнер.

Германскиот репрезентативец е воодушен од Португалецот од неговите способности како гол машина, па со нетрпение очекува да се сретне со него.

-Роналдо е одличен, сакам луѓе како него. Знам дека многу луѓе го критикуваат, но јас го сакам. Би било многу досадно, ако сите сме исти. Тој постигнува повеќе голови на натпреварите, отколку јас на тренинг. Ќе бидам среќен кога ќе се запознаеме, -рече Вагнер кој воедно и го предупреди напаѓачот нан Реал.

-Нашата одбрана е брутално силна, ја имаме најдобрата одбрана во Европа, па немаме потреба да се плашиме. Според мене Реал е најтешкиот од трите можни противници. Ама нашите играчи не се слепи, па ние сме многу позитивни, убедени за мечевите и со нетрпение ги очекуваме истите, -додаде Сандро кој на почетокот на оваа година се врати во Минхен.

Facebook Коментари