Поврзете се со нас

Свет

Нант убедливo до победа против Нанси во француското првенство

Објавено

на

Фото: Twitter.com/HBCNantes

Нант оствари рутинска победа над Нанси во француското ракометно првенство (37:28), а Кире Лазаров бил меѓу најефикасните на теренот на оваа средба.

Домаќините беа убедливи уште во првиот дел и го решија прашањето на победникот, заминувајќи на пауза со резултат 20:13.

Лазаров и соиграчите во вториот дел дополнително ја зголемија предноста и на крајот стигнаа до убедлив триумф за втора победа во серија по неколку претходни слаби резултати.

Македонскиот репрезентативец и селектор постигнал 3 гола од 4 упатени удари, а најефикасни биле Кавалканти и Монар со по 5 погодоци. Лејвињ со 5 голови бил најдобар реализатор во редовите на Нанси.

Нант во моментов има 9 бодови и привремено е на четвртото место во францускиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни