Нант рутински до прва победа, ПСЖ преубедлив против Иври

Lazarov-Benfica

Ракометарите на Нант успешно ја започнаа сезоната во француското првенство, победувајќи го Понто на гостински терен со 32:22.

Кире Лазаров постигнал 1 погодок од 4 испратени удари кон противничкиот гол, a Нант имаше фуриозно прво полувреме кое го заокружи со 21:12. Рутински одиграното второ полувреме со многу грешки на двете страни ја потврди победата на фаворитот кој со планирани бодови го започна шампионатот.

Најефикасни во редовите на Нант биле Турна со 6 и Ривера со 5 погодоци.

Шампионот ПСЖ предводен од Раул Гонзалес беше уште поубедлив, па пред своите фанови го совлада Иври со 38:21, резултат кој е доволна потврда за шоуто кое го имале избраниците на македонскиот селектор. Предводник бил Генсхајмер со 10 голови, додека Омејер собрал 15 одбрани.

Facebook Коментари