Нант немоќен без Лазаров на гостувањето кај Данкерк

Lazarov-Nant-tajmaut

Нант доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Данкерк (30:22), а македонскиот капитен Кире Лазаров го пропушти овој натпревар кој го донесе вториот негативен резултат во серија за неговиот тим во француското првенство.

Данкерк уште на полувреме водел со 16:10, со што ја најави победата, а до крајот само ја зголеми предноста во своја корист, нанесувајќи му го вториот пораз на Нант сезонава.

Турнат и Балагер постигнале по 6 гола за Нант, но двајцата голмани имале само 8 одбрани, што е и една од причините за поразот. По 5 кола, Нант има 6 бода, или четири помалку од лидерот Монпелје.

Facebook Коментари