Нант и Лазаров до втора победа во француското првенство

Lazarov-3

Кире Лазаров беше меѓу најдобрите реализатори, а неговиот Нант го совлада Ст. Рафаел со 28:22, во третото коло на француското ракометно првенство.

Првото полувреме донесе израмнета игра на двете страни и резултат 13:13, но Нант го засили темпото во вториот дел и стигна до убедлива победа со 28:22. За домаќините ова е втор триумф сезонава, откако загубија само од фаворизираниот ПСЖ.

Лазаров го заврши натпреварот со 3 голови, а поефикасни од него биле само Мине со 4, Ривера со 5 и Турна со 6 погодоци.

Facebook Коментари