Нант и Лазаров ја продолжија победничката серија во Франција

lazarov sut

Ракометарите на Нант го победија Кретеј на гостински терен со 34:27 и продолжуваат со позитивни резултати во домашното првенство, во кое досега имаат пораз само од лидерот ПСЖ.

Кире Лазаров и неговите соиграчи вечерва повторно го решаваа победникот во вториот дел, откако на полувреме беше 16:16, Нант успеа да го надигра Кретеј во вторите триесет минути и стигна до убедлива победа.

Македонскиот репрезентативец постигнал 3 голови од 5 упатени удари, а најефикасни во неговиот тим биле Мине со 8 и Ривера со 7 голови.

По шестото коло, Нант има четири победи по ред и вкупно пет триумфи, со што моментално има ист ефект со лидерот ПСЖ, но шампионот има натпревар помалку.

Facebook Коментари