Нант и Лазаров ја наполнија мрежата на Иври

lazarov sut

Нант рутински го совлада Иври (38:24) во рамките на 15. коло на француското ракометно првенство, задржувајќи ја предноста во однос на третопласираниот Ним и Монпелје кој од вечерва заостанува шест бодови по киксот против Истре.

Кире Лазаров и неговите соиграчи во првиот дел ја најавија победата (16:13), а во вториот ја наполнија мрежата на противникот кој доживеа дебакл во Нант и останува во долниот дел од табелата.

Нашиот репрезентативец постигнал 3 голови на оваа средба, а најефикасни биле Балагер со 8 и Ниокас со 5 погодоци.

Facebook Коментари