Поврзете се со нас

Свет

Нант ја наполни мрежата на Данкерк и ја прекина серијата без победа

Објавено

на

Кире Лазаров и неговите соиграчи победија со убедливи 43:28 против Данкерк во француското ракометно првенство и по две средби без триумф, сега конечно го освоија целиот плен.

Нант уште на полувреме водеше со 22:15, па во вториот дел само ја зацврсти предноста и ја наполни мрежата на денешниот противник Данкерк.

Лазаров упатил само два удара кон противничкиот гол и не успеал да реализира, додека најмногу во неговиот тим се истакнал Мине, кој постигнал 10 голови.

Ривера со 7, Калваканти со 6 и Пешмалбек со 5 погодоци биле следните на листата на стрелци, а одличен бил и голманот Думулан со 12 одбрани.

Нант останува на третото место на табелата со три бода повеќе од Екс, но оваа екипа има два натпревара помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни