Поврзете се со нас

Свет

Нант испушти реми против Ним во последните секунди

Објавено

на

Нант прокоцка реми на гостувањето кај Ним (33:32) во рамките на француското ракометно првенство.

Кире Лазаров и неговите соиграчи одиграа многу подобро прво полувреме по кое водеа со 16:18, но Ним успеа да ја преземе резултатската контрола во вториот дел.

Во последните пет минути се влезе со плус два за домаќините, но Нант успеа да дојде до израмнување и тоа со голот на Пехмалбек на девет секунди до крајот.

Ако фановите на Нант помислија дека со тоа е обезбеден бод, погрешија, бидејќи Ним во последните секунди го искористи спорото враќање на голманот на гостите и преку Гигу стигна до голема победа со 33:32.

Лазаров го заврши натпреварот со 3 голови од 4 упатени удари, а најефикасен кај Нант бил Ривера со 7 голови.

По ремито со Тулуз минатото коло, ова е втор натпревар по ред на кој Нант не успева да победи, со што си го загрози и третото место на табелата во француското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни