Поврзете се со нас

Свет

Нант и Лазаров со втор неуспех во серија во француското првенство

Објавено

на

Нант го загуби и второто француско дерби во серија, па Кире Лазаров и неговите соиграчи се оддалечија од лидерот ПСЖ, кој вечерва има незгодно гостување кај Монпелје.

Екс беше екипата која вечерва го победи Нант со 31:29, а разликата ја направи во првото полувреме кое го доби со 14:12.

Лазаров немал најдобра шутерска вечер и постигнал само 1 гол од 6 обиди, а најефикасен во неговиот тим бил Ривера со 9 голови.

Нант во претходното коло загуби од ПСЖ, а сега од Екс, кој има три бодови повеќе и натпревар помалку во однос на тимот на нашиот репрезентативен капитен и се наоѓа на четвртото место на табелата.

Следниот настап на Нант е во Лигата на шампионите, каде францускиот тим ќе се обиде да му се реваншира на Мотор за изненадувачкиот пораз на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни