Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нант и Лазаров со солидна предност ќе го чекаат реваншот со Веспрем

Објавено

на

Нант го победи Веспрем со 32:28 во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите, што значи дека Кире Лазаров и неговите соиграчи имаат солидна позитива во пресрет на реваншот.

Францускиот тим се соочи со фаворизираниот Веспрем на домашен терен, па иако Веспрем водеше со 5:8 и 7:10 во првото полувреме, Нант направи пресврт и на полувреме отиде со предност од 16:12.

Во вториот дел Нант имаше плус седум и шанса да поведе и со осум голови, но Веспрем успеа да намали дел од негативата, користејќи ги и одбраните на расположениот Коралес.

Лазаров го заврши натпреварот со 4 голови, толку постигнаа и Балагер, Овничек и Пешмалбек, додека Ривера беше најдобар реализатор со 6 погодоци.

На спротивната страна, во редовите на Веспрем го немаше нашиот Дејан Манасков поради повреда, а најефикасен беше Маргуч со 8 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни