Поврзете се со нас

Свет

Нант и Лазаров нанижаа уште една победа во француското првенство

Објавено

на

Позитивната серија на Нант продолжи и на дуелот со Кретеј од француското првенство, кој Кире Лазаров и неговите соиграчи го добија со резултат 30:25.

Нант имаше само плус два на полувреме, иако гостите подобро стартуваа, за во вториот дел домашниот тим во неколку наврати да стигне и до предност од седум гола.

На крајот Нант забележа уште една победа во француското првенство, продолжувајќи ја негативната серија на противникот.

Лазаров имал само четири удари кон противничкиот гол и реализиарал два пати, а најефикасни биле Овничек, Милиќ и Ривера со по пет гола.

За Нант ова е осма победа сезонава и е израмнет на второто место со Екс, со три бода помалку од лидерот ПСЖ, кој има натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни