Поврзете се со нас

Свет

Нант и Лазаров ја прекинаа серијата без победа во Франција

Објавено

на

Нант во чии редови настапува Кире Лазаров, победи на гостувањето кај Тулуз (29:33), во натпревар од француското ракометно првенство.

Гостите одиграа фуриозно во првиот дел, кој заврши со резултат 15:19, а таа предност не ја испуштија во вторите триесет минути од натпреварот.

Лазаров упатил два удара кон голот на Тулуз и реализирал еднаш на оваа средба. Најефикасни во неговиот тим биле Мине со 7 и Ривера со 5 голови, додека 14 одбрани собра одличниот голман Робин.

Во редовите на Тулуз, Мармие постигнал 7, а Петерсон 6 погодоци, додека Летенс собрал 17 одбрани, што не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.

Нант во последните две кола имаше пораз и реми, па оваа победа доаѓа во вистински момент и значи барем привремена петта позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни