Поврзете се со нас

Свет

Нани за големината на Роналдо: Тенис, пливање, пинг-понг? Тој е…

Објавено

на

Кристијано Роналдо со години е еден од најдобрите фудбалери на светот, а една од галвните причини за тоа е неговата голема желба за победа, натпревар, компетитивност да се биде број еден и да се освојуваат трофеи.

Тоа е движечка сила за Португалецот и тоа не е само во фудбалот туку и во секојдневниот живот и за тоа најдобро говори Луис Нани кој даде примери за тој специфичен дух на сонародникот за време на престојот во Манчестер Јунајтед.

-Кристијано беше многу компетитивен. Кога ќе останевме во неговата куќа на еден ден, тоа значеше дека ќе ве предизвикува во секое време. Имаше базен, тениско игралиште и пинг-понг маса.

-Понекогаш се натпреваруваше за да види кој ја кажува вистината или кој е во право за нешто. Секој пат, се водеше дискусија за да се види кој е во право или кој е подобар.

-Единственото време кога не игравме беше навечер, ние ќе седевме ка каучот и Роналдо ќе исчезнеше (да спие). Тоа го научивме затоа што јас и Андерсон бевме многу уморни кога ќе се разбудевме. Тој веќе два часа ќе беше станат, ќе ги провереше вестите и ќе ни кажеше:  Во ред, ајде да одиме.

-Тој беше единствениот кој тогаш имаше автомобил, па моравме да бидеме подготвени да одиме со него. Фантастични моменти и прекрасни спомени што ги имаме, -истакна Нани кој сега игра во МЛС лигата за Орландо Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни