Нани Рома имаше ужасно превртување на Дакар, Шпанецот итно префрлен во болница со хеликоптер (Видео)

nani-roma

На легендарното рели Дакар денеска се возеше третата етапа од годинешното издание, а ако вчера за одбележување беше резултатот на Вилјаш Боаш кој одлучи да стави пауза на својата тренерска кариера за едно незаборавно авантуристичко искуство, денеска ни пристигна една навистина лоша вест од финишот на целта во Ика.

Шампионот на Дакар од 2014 година, Нани Рома имал тежок инцидент на стотина метри пред финишот на целта, превртувајќи се со своето Мини при голема брзина, а од ударот, тој и неговиот совозач минале со незгодни повреди. Рома со 25-минутно задоцнување во однос на денешниот победник Ал Атијах стигнал на целта, но експресно бил евакуиран и пренесен со хеликоптер од Ика во болница во Лима.

Во овој момент се проверува дали шпанскиот возач има потешки повреди на главата и мозокот, иако првичните информации се позитивни и велат дека Нани нема животнозагрозувачки повреди. Она што е непознато во овој момент е и тоа дали ќе го продолжи годинешното издание на Дакар по страшното превртување, со оглед на тоа што најавите од Шпанија велат дека сепак тој нема да биде во состојба за возење по претрпениот шок без раазлика на тоа во каква состојба ќе се наоѓа утре.

Facebook Коментари