Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нани откри каква порака добил од Фергусон и Мурињо по шокантниот црвен картон на „Олд Трафорд“

Објавено

на

Луис Нани имаше блескава кариера во Манчестер Јунајтед и во ниту еден друг клуб не успеа да ги повтори изданија од времето кога соработуваше со Сер Алекс Фергусон, менаџерот кој немал никаква забелешка за Португалецот и во моментите кога ја играше последната сезона во Лигата на шампионите.

Сите добро се сеќаваме дека Јунајтед беше елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето, и тоа откако Јунајтед беше во поповолна ситуација, но остана со играч помалку поради контроверзното исклучување на Нани.

Турчниот Чакир без размислување му покажа директен црвен картон, а сега Нани открива дека и Фергусон и Мурињо кој беше тренер на Реал, му нагласиле дека нема никаква вина за тоа.

– Ферги сигурно знаеше дека тоа е негова последна сезона, веќе со години се најавуваше негово пензионирање. Таа година беше специјална, ако го миневме Реал Мадрид, бевме уверени дека ќе ја освоиме и титулата во Лигата на шампионите. Тоа беше огромна шанса, но останавме покуси.

– Бевме многу силни, па токму поради тоа најдоа начин да ме исклучат. Немаше причина за црвен картон, дури Фергусон и Мурињо ми пријдоа и ми рекоа дека нема никаков проблем, дека немам никаква вина.

– Му се извинив на тимот, иако знаев дека немам никаква вина. Сакав да ја примам топката како Зидан, но судијата пронајде начин да му помогне на Реал Мадрид, – потенцира Нани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни