Поврзете се со нас

Свет

Нандез со хорор старт за малку ќе му ја скршеше ногата на Родриго, Уругвај го победи Бразил во пенал рулетот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Uruguay

Четвртфиналните возбудувања на Копа Америка завршија со највозбудливата и најжестока пресметка, бидејќи последниот патник во полуфиналето го добивме од пресметката меѓу Бразил и Уругвај.

Јужноамериканската крв уште еднаш покажа како е да се води една беспоштедна битка на теренот, а во таква ситуација, видовме многу прекршоци, страст, изгледни шанси за гол, но и еден црвен картон.

Уругвај подобро го отвори мечот и имаше три одлични шанси за предност, но убедливо најдобра беше онаа последната на Дарвин Нуњез кога напаѓачот на Ливерпул небранет од никого биеше над голот.

По почетната иницијатива на Уругвај, Бразил малку се консолидираше и му создаде стопроцентна шанса на Рафиња, но играчот на Барса биеше директно во голманот на Уругвај и немаше промена на резултатот.

Во вториот дел се играше многу попретпазливо и гледавме далеку позатворен фудбал, а при таква поставеност, Нандез режираше хорор старт и за малку ќе му ја скршеше ногата на Родриго.

Иако прво беше покажан жолт картон, судиите се коригираа и благодарение на ВАР покажаа црвен, па Уругвај во последните 16 минути играше со човек помалку.

Бидејќи немаше промена на резултатот, на крајот се пристапи кон изведување на удари од 11 метри, а во пенал рулетот посмирени беа Уругвајците кои се пласираа во полуфиналето, фаза во која ќе ја гледаме и Колумбија која со 5:0 ја декласираше Канада.

Трагичари за Бразил беа Милитао и Даглас Луиз, додека еден пенал промаши и Уругвај, односно Хименез.

Во полуфиналињата на Копа Америка, Аргентина ќе биде апсолутен фаворит против Канада, додека жестока пресметка се очекува на дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни