Поврзете се со нас

Боречки спортови

Наместо во рингот, Де ла Хоја се зарази со ковид и заврши во болница

Објавено

на

Легендарниот боксер Оскар де ла Хоја завршил во болница откако се заразил со ковид-19 и неговата ситуација се влошила.

Поранешниот светски шампион за неколку дена требаше да има камбек во рингот, но сега борбата е откажана, а фановите се надеваат дека големиот борец ќе го совлада незгодниот вирус.

Самиот Де ла Хоја објавил видео од болничкиот кревет, испраќајќи порака до фановите, во која вели дека бил целосно вакциниран.

48-годишниот член на Куќата на славните на 11. септември требаше да ги вкрсти ракавиците со Виктор Белфорт во Лос Анџелес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни