Наместо во Брест, Игор Карачиќ во непланирана посета на Скопје!

AcibademSistina-Igor-Karacikj-3

Хрватскиот интернационалец кој од оваа сезона настапува за полскиот клуб Кијелце, Игор Карачиќ (30), денеска повторно е во Скопје.

Поранешниот среден бек на Вардар, кој мина седум години во црвено-црниот дрес поради приватни здравствени проблеми допатува во македонскиот главен град, обраќајќи им се на докторотите што го познаваат. Карачиќ се пожалил на болка што подолго време ја чувствувал во пределот на градниот кош поради континуираните удари што ги добивал за време на ракометните натпревари. По телефонските консултации со доктор Михајло Ивановски од „Аџибадем Систина“, кој е специјалист по трауматологија, договориле термин и хрватскиот репрезентативец дошол во Скопје на преглед.

– По деталните испитувања, поставивме дијагноза воспаление на второто ребро, местото каде што се припојуваат мускулите, и веднаш почнавме со третман. Денеска е аплицирана првата доза на PRP-третман во пределот на повредата, па се очекува за кратко време значително подобрување кај Карачиќ. За побрза рехабилитација на младиот ракометар, неопходна е и физикална терапија,- вели д-р Ивановски во официјалното соопштение од болницата лиферувано во оваа прилика.

Додека Карачиќ е во Скопје, неговите колеги од Кијелце патуваат за Брест, каде што во сабота го играат натпреварот од Лигата на шампионите против Мешков, со почеток во 17 часот. Во истиот ден, ракометарите на Вардар му гостуваат на Веспрем во Унгарија, па Карачиќ нема да има особено друштво во Скопје првите денови од престојот.

AcibademSistina-Igor-Karacikj-1

Facebook Коментари