Италија
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната

Јувентус влезе во критичен дел од сезоната и забележа болни испаѓања од Купот и Лигата на шампиони, а на сето тоа се надоврза и негативна низа во Серија А.
Двата болни порази од Аталанта и Фиорентина во краток временски интервал го вклучија црвениот аларм во Торино, па иако многумина сериозно ја доведоа во прашање и работата на Тиаго Мота, тренерот сепак ќе го преживее овој турбулентен период.
Јуве прими седум голови на последните два меча и изгледаше како тим кој е далеку од шампионски, но многу полоша станува состојбата и поради фактот што Болоња го презема четвртото место на табелата.
Главна цел на Јувентус до крајот на месец мај ќе биде да избори место во топ четири, а откако директорот Џунтоли му изгласа доверба на Мота, медиумите од Апенините ја пренесоа и пораката која му била пренесена.
Во обид да се излезе од криза, Јувентус наместо отказ решил да апострофира две барања, кои очекува тренерот да ги спроведе во најскоро можно време.
Според информаиците, водечките директори на клубот побарале од Мота тимот да покаже поголема дефанзивна стабилност во периодот кој следи, но побарале од него и да ја поправи комуникацијата со дел од играчите во првиот тим.
Јувентус изгледаше многу дезогранизирано како тим на последните два натпревари, па глобалниот заклучок е дека треба да се поработи и на единството и емпатијата во соблекувалната.
-
Македонија23 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија23 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија20 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија9 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија4 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија8 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите