Налбандијан повторно имаше страшен инцидент на релито во Аргентина (Видео)

nalbandijan-incident

По заршувањето на тениската кариера, Давид Налбандијан одлучи да се испроба во спортот кој му е втора најголема страст, односно рели трките на кои редовно е присутен кога е во прашање трката во Аргентина.

Поранешниот славен тенисер пред две години имаше тежок инцидент, но сега повторно се соочи со голема непријатност и си го доведе животот во прашање откако повторно се преврте на најновото издание на релито во Аргентина. Налбандијан го уништи својот Шевролет, а дел од медиумите пренесуваат дека овојпат инцидентот можел да заврши трагично ако не се вклучеле воздушните перничиња. За среќа, Аргентинецот минал без посериозни повреди, иако бил крајно вознемирен кога излегол од уништениот автомобил.

Налбандијан дефинитивно важеше за еден од најдобрите играчи во светот кога во тенисот доминираше Рожер Федерер, а според многумина, многу побезбедно и подобро за него ќе биде ако се повлече од релито и се тргне од брзинските спортови.

Ова е инцидентот од 2016 година….

Facebook Коментари