Најзначајна титула во кариерата: Вознијацки ја реши Вилијамс и го освои ВТА шампионатот во Сингапур (Видео)

voznijacki

Најдобрата тенисерка од Данска, Каролин Вознијацки е победник на завршниот ВТА турнир кој се одржа во Сингапур.

Вознијацки во завршниот меч за пахарот ја надигра со 2-0 сетови со 6-4 и 6-4 Венус Вилијамс. Средбата траеше 90 минути, а во неа Каролин беше на повисоко ниво и дојде до најголемиот успех и првиот трофеј на ваков настан.

На турнирот шестата светска тенисерка оствари четири победи на петте дуели, губејќи само два сета и тоа во единствениот меч на кој загуби од Каролин Гарсија (2-1).

Во игра на двојки трофејот го подигна комбианцијата Тимеа Бабош-Андреа Хлавацкова која славеше над Кики Бертенс и Џоана Ларсон (4-6, 6-4, 10-5).

Facebook Коментари