Најжестоките навивачи на Валенсија и Барселона се пресметаа пред дербито на „Месталја“ (Видео)

tepacka

Од 16 часот се игра дербито во Примера меѓу Валенсија и Барселона, а истото веќе го најавија навивачите на двете екипи кои имаа жестока пресметка.

Се работи за најжестоките, најрадикалните фанови на двата клуба, па во целата оваа ситуација мораше да интервенира полицијата која според информации веќе има приведено голем број на учесници.

Тепачка имаше и во Барселона меѓу поддржувачите на Еспањол и Атлетико Билбао, инцидент кој се случи половина час пред средбата на „Корнелја Ел Прат“. Во пресметката се користеше се што беше при рака, маси, столови, стаклени шишиња…

Facebook Коментари