Највисокиот македонски репрезентативец заминува во Кина

mkgb006

Повремениот македонски репрезентативец Марко Дујковиќ, одлучи да го збогати своето интернационално искуство и да се пресели во кинеската лига.

Како што пренесува порталот „Basketball Sphere“, Дујковиќ во наредната сезона ќе го носи дресот на кинески Пекинг бакс, кој се натпреварува во кинеската НБЛ лига, а ова ќе биде негов седми клуб.

226 сантиметри високиот „џин“, националниот дрес го носеше на припремите во Кина и на квалификациските натпревари за Евробаскетот 2017, кога Драган Раца ги водеше нашите момци. Клупската кариера ја започна во 2010. во Металац од Ваљево, од каде во 2014. се пресели во Босна, но не ја заврши сезоната за тимот од Сараево, бидејќи се пресели во грузиски Олимпи Тбилиси, по што се врати во Металац.

Минатата сезона ја започна во Блокотехна, но по помалку од три месеци ја напушти Гевгелија и замина на „печалба“ на блискиот исток. Најпрво го носеше дресот на либански Билбос, а потоа замина за Катар каде играше за Ал Рајан, додека за крај одигра неколку натпревари за Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Facebook Коментари