Највисокиот играч во НБA: Моето влегување во автомобил е како ваше седнување на картинг (Видео)

tako-fol

Тако Фол го доби приматот на највисок играч во НБА лигата откако оваа сезона беше селектиран од страна на Бостон Селтикс, а иако неговиот учинок е скромен на натпреварите, харизматичниот Сенегалец брзо се претвори во миленик на фановите во „Ти-Ди Гарден“.

Со своите 226 сантиметри, Тако Фол делува навистина импозантно и во друштво на високите ѕвезди во НБА лигата, но наспроти сите предности кои ги има во секојдневниот живот со своја висина, сега самиот се обиде да долови дека има и негативни страни.

Тако Фол се пошегува на своја сметка со видеото кое го сподели, доловувајќи дека нормалниот туш не е предвиден за луѓе високи колку него, а за илустрација, на фановите им порача дека неговото влегување во автомобилот е исто со она кога нормалните луѓе седнуваат на картинг…..

Facebook Коментари