Поврзете се со нас

Шпанија

Најверниот соработник на Симеоне го напушта Атлетико: Се разбиравме со знаци од 50 метри и со удирање глави!

Објавено

на

blank

Диего Симеоне ја започна својата тренерска авантура во Атлетико Мадрид во 2011-та година, пристигнување кое има навистина огромно значење во историјата на „душекџиите“, пред се поради големи успеси кои ги оствари Аргентинецот во клубот.

Популарниот Чоло и натаму ќе биде дел од Атлетико, но од наредната сезона, друштво повеќе нема да му прави долгогодишниот соработник и негова десна рака, Герман Бургос. По девет години служење како најблизок асистент на Симеоне, популарниот Моно Бургос одлучи да направи еден друг чекор во кариерата, односно да се испроба како прв тренер на еден тим.

Бургос самостојно одлучи да ја потврди најавата за негово заминување од Атлетико по крајот на оваа натпреварувачка сезона која ќе се доигра, нагласувајќи дека е подготвен да прифати проект во кој ќе биде прв тренер.

– Ова е догледање, а не збогум. Иднината ќе каже дали повторно ќе ни се вкрстат патиштата, но јас се надевам дека ќе се случи тоа. После речиси десетгодишно искуство во Примера, верувам дека сум потполно подготвен да водам еден тим, – изјави Моно Бургос кој даде коментар и за специјалната врска која ја има со Симеоне.

– Чоло ми е голем пријател, се знаеме толку долго. Се разбираме со знаци, без знаци, со поглед, без поглед, со удирање глави. Дури и кога ми дава знак од 50 метри, знам што ми вели. Поминав повеќе време со него и имав повеќе вечери со Чоло отколку со моето семејство од почетокот на заедничката етапа. Минавме многу време заедно и имаме неверојатно разбирање. Исто така, тој ја разбра мојата одлука, – објаснува Бургос.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни