„Најверниот навивач“ на Вардар го прекина мечот со Розенборг (Видео)

Vardar-Rozenborg3

Вардар го освои првиот бод во Лига Европа и во последниот настап успеа да прикаже најдобра игра во дебитантскиот настап во групната фаза на ова натпреварување, а навивачите беа сведоци и на еден невообичаен момент на арената „Филип Втори“.

За време на второто полувреме, на теренот се појави еден непоканет гостин, односно куче на кое како да му годеше вниманието кое го доби од актерите на теренот и публиката, па мина доста време на теренот пред да биде отстрането и да дозволи да продолжи натпреварот.

Facebook Коментари