Поврзете се со нас

АТП

Најубава сцена од Тел Авив: Пресметката меѓу Ѓоковиќ и Чилиќ донесе незамислива сцена (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/DjokerNole

Спортот често знае да ги сплоти фановите и да направи да се заборави на сите непријателства, нешто на што бевме сведоци и ова неделно попладне во Тел Авив.

Тениската пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ не донесе никаква неизвеснот поради доминацијата на Ноле, но затоа понуди сцена која со право е означена за најубава од тенискиот турнир во Тел Авив.

Ѓоковиќ во Израел стигна до својата 89-та титула во блескавата кариера, но финалната пресметка ќе се памети и по тоа што се сплотија Срби и Хрвати на трибините.

Сцената со фанови кои носат хрватски дресови и веат српско знаме е нешто што навистина тешко ќе се види на Балканот, но не и во Тел Авив.

Поради тоа, коментаторот на Спорт Клуб со право ја нарече оваа сцена како најубава од цела тениска седмица во Тел Авив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни