Поврзете се со нас

Италија

Најубав гол во кариерата: Малдини режираше магија од слободен удар (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Даниел Малдини не може да се избори за вистински шанса во Милан и мора да бара минутажа во други клубови, а откако не се изнаигра во Емполи, во јануари реши да ја засили Монца.

Младиот офанзивен играч за врска постигна два гола на првите неколку меча како член на Монца, но ова попладне го постигна убедливо најубавиот погодок во својата кариера и донесе водство за својот тим против Калјари.

Синот на легендарниот Паоло испрати неодбранлив удар од слободен и нависитна интересно е што топката не заврши во мрежата, но беше доволно тоа што заврши зад гол линијата пред да излезе од рамките на истиот.

Фантастичната техника која ја презентираше Малдини е само доказ за потенцијалот кој го поседува, а со оглед на формата која игра во последно време, не се исклучува можноста да остане во Монца и подолго време.

Погодокот на Даниел погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни