Поврзете се со нас

АТП

Најтрофејниот тенисер во историјата му се нуди на Ѓоковиќ: Би ми било чест да му бидам тренер

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ и дополнително ќе одлучува дали ќе ангажира нов тренер, бидејќи во оваа фаза од кариерата, постои опција светскиот рекет број еден да оди напред и без официјален придружник како тренер.

Србинот вели дека му е потребно време за да ја избалансира цела ситуација со досегашниот соработник, но веќе во јавноста се појавуваа разноразни имиња кои се споменуваат како опции за наследник на Иванишевиќ.

Еден од рекордите кои Ноле сака да ги урне до крајот на својата кариера е оној на Џими Конорс, според кој Американецот е најуспешен тенисер во историјата со 109 освоени АТП титули.

Легендарниот Американец со години го држи овој рекорд, но сега самиот му се понуди на Ноле и не гледа проблем да го тренира доколку Ѓоковиќ почувтвува потреба за такво нешто.

– Понекогаш е добро да ги размрдате работите и да се направи промена. Понекогаш доаѓате до ситуација кога веќе не е забавно. Најверојатно Горан стигна до фаза каде не може да го однесе погоре и двајцата исцедија од себе се што имаа. Потребни му се свежи очи, некој кој ќе го гледа одблиску. Ноле има 37 години, веќе размислува уште колку му преостанува до крајот на кариерата.

– Јасно е дека во оваа фаза од кариерата, било кој тренер ќе внесе само минимални промени во неговата игра. Јас од дамна сум далеку од тренерските води, немам ангажман, но ако се укаже шанса, тоа секако би било задоволство и голема чест да соработувам со него, – вели Конорс кој за разликата од играчката кариера, како тренер беше многу скромен и соработуваше кратко со Родик, како и со Шарапова и Бушар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни