Свет
Најтрофејниот кинески клуб исфрлен од професионалните лиги во својата земја
Кинескиот гигант Гвангжу ФЦ не доби лиценца за настап во најсилната фудбалска лига во својата земја, со што доживеа неочекуван крах по периодот во кој инвестираше милиони во својот ростер.
Осумкратниот освојувач на кинеската Супер лига не успеал да го подмири долгот кон кинеската асоцијација и поради тоа нема право да игра во професионалната лига, со што досега најрадикално ги почувствува последиците од проблемите и банкротот на компанијата „Евергранде“, која беше и главен спонзор во минатото.
Гвангжу освои и две азиски титули, имаше забележителен настап и на Светското клупско првенство, но клубот, но и лигата не успеаја во обидот да формираат првенство кое ќе привлекува големи ѕвезди на долг рок и да добијат организација на светско првенство.
Клубот во минатото трошеше пари за ангажман на тренери како Марчело Липи, Луиз Фелипе Сколари и Фабио Канаваро, односно фудбалери како Алберто Џилардино, Паулињо, Луис Бариош и Џексон Мартинез, за по промените на „правилата на игра“ во кинескиот фудбал, да стигне до голема криза и губење на прволигашкиот статус.
Сега, ситуацијата кулминираше со одлуката на Кинеската асоцијација да го блокира настапот на Гвангжу во било кое професионално ниво во земјата.
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија12 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија24 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал