Најстрашен инцидент во 2017 година: Велосипедистот Де Плус полета во провалија (Видео)

deplus

По завршувњето на трите најголеми и најпрестижни трки (Џиро ди Италија, Тур де Франс и Вуелта), предизвиците за најпознатите велосипедисти продолжуваат и со помалите натпреварувања кои се актуелни до крајот на годината, а токму од последното издание на Џиро ди Ломбардија ни донесе еден страшен инцидент кој навистина ретко се гледа.

На 30 километри пред финишот на денешната етапа во Комо, белгискиот велосипедист Лорен Де Плус доживеа навистина загрижувачка незгода бидејќи полета во провалија заедно со својот велосипед, по што експресно мораше да биде префрлен во болница.

За среќа, информациите кои ги доставува неговиот тим Етикс-Квик, Де Плус нема сериозни повреди за кои стравуваа фановите, но јасно е дека ова е крај за него на велосипедската трка во Ломбардија.

Facebook Коментари