Најстариот дебитант на ЗОИ во Пјонгчанг ќе наполни 50 години

rantamaeki

Зимската олимпијада во Пјонгчанг е голем предизвик за неколку илјади спортисти од целиот свет, а меѓу учесниците има и такви за кои можеби ова ќе биде единствен олимписки настап.

Во групата специфични олимпијци е и Томи Рантамаеки, финскиот репрезентативец во карлинг кој годинава ќе полни 50 години и со тоа е најстариот дебитант на овие Олимписки игри. Рантамаеки настапува во дисциплината мешани двојки во Пјонгчанг, а вели дека и покрај лошиот старт, не сака премногу да се оптеретува со резултатот на својот прв олимписки настап.

– Мојата филозофија е да се избира среќниот дел од животот. Ова за мене можеби ќе биде единственото олимписко искуство, па зошто би зборувал за тажниот дел, – во свој стил потенцира Финецот кој по професија е бизнис консултант.

Рантамаеки вели дека би било убаво да настапи и на следната Зимска олимпијада, но сега е премногу рано да се зборува за тоа дали ќе има таква шанса.

Facebook Коментари