НБА
Најспектакуларниот играч во НБА лигата најавува: Веќе нема да режирам забивања (Видео)
Џа Морант до оваа сезона важеше за најскектакуларен играч во НБА лигата, бидејќи ѕвездата на Мемфис беше препознатлива со бруталните скокови и забивања кои ги режираше во дуелите со противниците.
За разлика од она на кое не навикна, Морант оваа сезона има само 4-ри комлетирани забивања од стартот на сезоната, а по последниот настап во НБА лигата, Џа самиот откри дека има јасна причина поради ваквите бројки.
Морант потенцира дека на прво место го ставил своето здравје, но воедно најави дека во иднина многу поретко ќе го гледаме во ситуации како оние до минатата сезона.
– Понекогаш добивам удари во воздух и судиите не судат ништо. Понекогаш добивам фаул, но цената е прескапа. И покрај тоа што е досуден прекршок, јас паѓам на паркетот и после натпреварот чувствувам болки.
– Затоа решив да бирам, па го бирам здравјето. Два поени се два поени, тоа е се што е важно кога сте во рекетот. Ќе се обидувам да не правам забивања. Сите мислат дека лажат кога го велам ова, но ова го кажувам максимално сериозно, – вели Морант.
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија24 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија18 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија23 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот